Голем годишен хороскоп за СТРЕЛЕЦ: До летото затишје, а потоа вистинско невреме - турбулентна љубов
ЉУБОВ
Годишниот хороскоп за 2023 година ги предупредува Стрелците за бурни настани на љубовно поле. Првата половина од годината ќе биде особено критична, несогласувања со партнерот и конфликти поради парични проблеми. Слабите врски ќе пропаднат, ќе преживеат само оние засновани на меѓусебна поддршка. Слободниот Стрелец ќе „лета од цвет на цвет“ во поголемиот дел од годината. Родените во втората деценија на овој хороскопски знак ќе имаат можност на самиот крај на 2023 година да се смират.
ЗДРАВЈЕ
Астролозите за 2023 година го советуваат Стрелецот да бара помирна средина. Бучавата и стресот негативно влијаат на психата, а Стрелците се особено чувствителни во 2023 година. Ѕвездениот совет е да земете домашно милениче, тоа ќе биде добро за вашето емоционално и ментално здравје.
Фото: фреепик
Извор: мондо
Голем годишен хороскоп за ШКОРПИЈА: На финансиски план 2023 е ваша година, љубов ќе градите од почеток