(ГАЛЕРИЈА) Голи раменици: Како да го носите овој секси тренд

Добивај вести на Viber

Девојки, дали сте подготвени да ги покажете вашите раменици?

Летните денови и високите температури нè тераат да се оладиме на сите можни начини. Еден од нив е избор на облека која ни помага да се чувствуваме удобно во текот на летото, но во исто време ни овозможува да изгледаме трендовски и женски.

Блузи и кошули кои откриваат раменици не се новина во светот на модата, но оваа сезона се една од најпопуларните парчиња облека. Модните дизајнери претставија неколку модели, а оваа сезона, популарните блузи „off-shoulder" доаѓаат во необични дезени и нови модели. Може да ги комбинирате со фармерки, миди или мини здолништа.

Изгледаат многу женски, но исто така секси, бидејќи ги откриваат најчувствителните делови од делото - нашите раменици! Како можете да ги носите овие женски блузи за да бидете неодоливи? Дознајте во нашата фото галерија!