Горјана Џоја Кулишевска фантастична во модниот едиторијал на српскиот „Мари Клер“
Нашиот интернационален модел Горјана или како ја нарекуваат странските модни агенции (Џоја) неодамна го работеше летниот моден едиторијал за српското издание на модниот магазин „Мари Клер“.
Работен на повеќе локации, со огромниот креативен тим на магазинот го изработија модниот едиторијал наречен Heatwave.
Кулишевска е веќе долги години под договор со Јелена Ивановиќ и нејзината модна агенција, па токму затоа по нејзиниот престој во Милано и Париз работеше на многу модни кампањи и врвни дизајнерски брендови како Alexander McQeen и MOSCHINO.
Нејзините совршени пропорции и егзотичната убавина со право ја пласираа во една од најдобрите светски агенции NEXT Management. Џоја или Горјана останува како една од ретките наши интернационални модели кои го заслужија своето место во свестскиот моделинг.
Во Македонија е застапувана од агенцијата Моделс ИН Менаџмент која пак се грижи за нејзината кариера и будно ги следи сите нејзини модни успеси.