Грчката пита со портокал е десерт за паметење: Залчиња кои мирисаат на Медитеранот
Познатата грчка пита со портокали е деликатест кој ќе ги освои сите ваши сетила.
Состојки:
200 грама брашно;
200 грама гриз;
100 грама шеќер;
2 јајца;
1 ќесичка прашок за пециво;
сок од портокал и рендана кора;
100 грама путер;
200 милилитри млеко.
За прелив:
100 грама шеќер;
100 милилитри вода;
сок од 2 портокали и рендана кора.
Начин на подготовка:
Изматете ги шеќерот и путерот, па постепено додадете ги јајцата, сокот и млекото. Додајте го и брашното измешано со прашокот за пециво и гризот, а потоа изматете ги добро сите состојки. Смесата истурете ја во тепсија и печете околу 35 минути на 180 степени. Измешајте ги состојките за преливот и кога ќе почне да врие, оставете го шест минути. Со топлиот превил прелијте го оладениот колач и ставете го фрижидер неколку часа да отстои.
фото: Profimedia