Грција „шампион“ во поскапена храна во јуни

Грција забележа во јуни највисок месечен пораст на цените, 3,3 отсто, во категоријата храна, не само во еврозоната, туку и во цела Европската унија, објавио Катимерини.

Всушност, порастот забележан на цените на храната во јуни 2023 година во однос на мај 2023 година бил дури и поголем од оној во Турција. Според податоците на Грчката статистичка управа (ЕЛСТАТ), месечната промена на цените на храната била 2,10 проценти, што е понизок пораст од оној што го дава Евростат, но подеднакво загрижувачки, бидејќи е втор највисок регистриран по војната во Украина. Повеќе на Фактор.мк


Фото: unsplash