Хајди Клум и нејзиниот 17 години помлад сопруг разменуваа нежности на плажа: Не им е грижа за туѓите погледи (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Манекенката Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиќ се фотографирани на Сардинија.

Имено, славниот пар моментално ужива на одмор, а папараците ги фотографираа како се гушкаат и бакнуваат и не се грижат бидејќи сите гледаат во нив. Хајди беше во ситно црно бикини.

На почетокот на овој месец тие беа видени како се гушкаат и во Венеција. На парот им се придружи и нејзината 13-годишна ќерка Лу, која ја има со поранешниот сопруг Сила.

Хајди и Том се венчаа во 2019 година. На манекенката ова и е трет брак, а рокерот од групата „Токио хотел“ е помлад од неа дури 17 години.


Фото:corey_ian_haim_fanpage2/instagram/heidiklum