Хана е во Гевгелија, едвај чека да се врати мајка ѝ: Тијана за „Женски Магазин“

Добивај вести на Viber

Многу сум горда, среќна и полудена. Сите сме полудени, еуфорично раскажува Тијана Дапчевиќ за „Женски Магазин“, по успехот на нејзината помала сестра Тамара Тодевска, која на нашата земја ѝ донесе евровизиско финале по цели шест години.

Наместо да патува во Израел, Тијана остана во Белград каде до пред два дена престојуваше и нејзината внука.

- Хана е со татко ѝ во Гевгелија. Си отиде пред два дена. Нема поим што сѐ случува, само кога ќе ја прашаш каде е мама, вика: „На Ровизија во Мизраел“. Едвај чека да се врати мајка ѝ - ни откри Дапчевиќ.

Популарната пејачка, актерка и водителка на шега коментира дека целата фамилија се побудалени, дека едноставно не е нормална овие неколку дена.

- Едвај чекам сѐ да помине и да ја дочекам Тамара утре на аеродром со „Агушеви“ - завршува таа.

Ѓ.С.