Хари и Чарлс не ја симнуваат, а сите 12 години го поставуваат истото прашање: Зошто принцот Вилијам никогаш не носи бурма?

Кога принцот Вилијам ѝ ја стави бурмата на Кејт Мидлтон, таа не му возврати. Што се крие зад тоа?

Пред 12 години, милиони гледачи ширум светот без да трепнат ја гледаа кралската венчавка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

За нејзината венчаница и денес се зборува, а секое нивно движење во 2011 година беше следено до детаљ.

Така на никој не му помина незабележано еден детаљ, а тоа е моментот кога Вилијам ѝ стави бурма на Кејт Мидлтон, по што таа не му возврати и не му стави на него.


Тој одлучил да не носи бурма, како што не носеле ни принцот Филип, а ни принцот Ендру.

Од друга страна, принцот Хари носи бурма, како и нивниот татко, кралот Чарлс Трети, кој и во бракот со принцезата Дајана носеше бурма, а интересно е дека ја извадил дури еден ден по веридбата со Камила.

За што станува збор?

Сега е вообичаена пракса и невестата и младоженецот да разменуваат прстени во знак на својата вечна лојалност, но кралскиот помошник објасни дека одлуката на принцот Вилијам да не носи бурма била само „лична желба“.

„За тоа двојката разговараше, но принцот Вилијам не е љубител на накит - тој дури не носи ни прстен со печат и се одлучи дека не сака да носи ни бурма“ - додадоа од палатата.

Од друга страна, неговиот брат, принцот Хари и Меган Маркл си разменија бурми на венчавката во 2018 година.


За кралските невести е карактеристично бурмите да се прават од злато од Велс.

Овој обичај на носење бурма го започна кралицата мајка, лејди Елизабет Бовес Лион во 1923 година.

Од една грутка злато од рудникот Сент Дејвид Клогау се направени бурмите за кралицата мајка, кралицата Елизабет во 1947 година, принцезата Маргарет во 1960 година и за Дајана, принцезата од Велс во 1981 година.

Бурмата на Кејт Мидлтон е направена од грутка злато од Велс во кралска сопственост, која на Вилијам му ја дала неговата баба кралица, а од злато од Велс е направена и бурмата на Меган Маркл.

Од друга страна, обичајот мажите да носат бурми е релативно неодамнешен, а доби популарност за време на Втората светска војна кога војниците го одбираа тој додаток за да ги потсетува на нивните сопруги и семејства, кои ги чекаат дома.

фото: Принтскрин / Инстаграм