Хари Потер, „Титаник“, „Харли Квин“, инспирација за првоаприлски маски: Еве како се маскираа децата на познатите?

Добивај вести на Viber

Денот на шегата, најрадосен ден за децата, кој се слави со децении секаде во светот.

1 –ви Април или Априлили или светски Ден на шегата. Според стариот обичај, секоја година на 1 април луѓето си играат мајтап и се залажуваат со безопасни шеги, а откако ќе измамат некого, го известуваат дека е измамен бидејќи е 1-ви Април.

 Обичајот е популарен уште од 19 век, тој ден не е национален празник во ниту една земја, но е прифатен во повеќето европски култури.

„Смеата е бесплатен лек за душата, затоа смејте се почесто, не само денес“.

Децата на познатите денес се маскираа во креативни првоаприлски маски...

Синот на  модната креаторка Маја Кикириткова, Лазар со оригинална маска. Инспирација за малиот Лазар бил филмот „Титаник“.

„Капетанот и бродот спремни, отидоа на училиште. Кога го прашав Лазар каква маска сака за 1-ви април, одговорот без размислување беше „Титаник“, а и не знам зошто бев изненадена. Не знам дали има некое дете што толку многу го сака „Титаник“ и го знае секој детаљ за бродот. Лазар посака, мајка му и татко му ја остварија желбата. Додуша 10 дена им требаше да ја реалзиираат, ама на крај резултатот се исплатеше“, напиша Кикириткова.

Синот на Сара Мејс и Димитар, Лазар маскиран во далматинец, а нивната ќерка Илина во „харли квин“.

„Добро утро од еден далматинец. И од една „Харли Квин““, напиша Сара.

Иста инспирација имаше и Хана, ќерката на Тамара Тодевска.

Ќерката на Јана Бурческа, како лик од популарната серија Хари Потер.

Синот и ќерката на актерот Атанас Атнасовски и Александра Бела, маскирани во Мини Маус и Супер Марио.

Синовите на Андријана Јаневска, во Бетмен и Мексиканец.

Синовите на Сања Ристиќ во полицаец и Покимон.

„Ако ги сретнете случајно денес некаде, не им верувајте, се спремаат за денов два месеци“, напиша Сања.

Синот на моделот Катарина Ивановска, маскиран во Кире Бананамен.

Фото: Инстаграм