Хелена (50) со Златан Ибрахимовиќ живее 20 години и имаат две деца: Еве зошто никогаш не се омажив за него

Добивај вести на Viber

Тоа не беше љубов на прв поглед! Далеку од тоа .. Но, сепак, тоа беше љубов направена да трае!

Хелена Сегар (50) неодамна раскажа како изгледал моментот кога првпат го видела Златан Ибрахимовиќ (39):

„Лошо го паркираше своето Ферари, го блокираше мојот Мерцедес за да не можам да паркирам, а јас го видов само неговиот голем нос и златниот часовник. Бев во лошо расположение и му викав, а мислам дека тоа му се допадна“, рече Швеѓанката за магазинот "Elle" во март оваа година. 

Хелена и Златан се запознале во 2001 година, кога фудбалерот имал 21 година, а Хелена 32.

View this post on Instagram

A post shared by @helenasegerfp


„Дури и тогаш имав кариера и доволно имот. Никогаш не морав да барам некој што ќе ме издржува", рече Хелена, наведувајќи дека се уште е финансиски независна од нејзиниот партнер, успешниот фудбалер.
„Не е лесно да се живее со него , но признавам дека не е лесно ни со мене.. Мислам дека на Златан му се допаѓа што му се спротивставува“, рече Хелена.

View this post on Instagram

A post shared by @helenasegerfp


Хелена вели дека не сака да се омажи за Златан:

„Венчавката може да го наруши моето чувство за независност. Не сакам да бидам прогласена за сопруга на фудбалер или Мис убавица. Мислам дека луѓето не знаат колку учев, се борев и работев во животот".

Двојката има две деца, а заедно живеат во Стокхолм.

View this post on Instagram

A post shared by @helenasegerfp



фотографии:instagram
извор:stil.kurir.rs