„ХЕМОКУЛТУРАТА КАЈ ПОЧИНАТОТО БЕБЕ Е ПОЗИТИВНА, ИНФЕКЦИЈА ОД БАКТЕРИЈА“: Професор Софијанова со детали за новороденчето од Прилеп

Добивај вести на Viber

Прилепската болница денеска ќе биде под лупа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат откако вчера почина новороднчето кое беше родено кон крајот на октомври токму во родилиштето во Општата Болница –Прилеп.

Иако е родено со АПГАР 10, највисоката оценка по раѓањето, бебето почина во тешка состојба на Клиниката за детски болести во Скопје. Детално за тоа во каква состојба е донесено и евентуално која е причината за смртта, за Фктор објаснува проф. Д-р Аапсазија Софијанова, специјалист неонатолог.

-Хемокултурата од бебето е позитивна, тоа значи дека станува збор за инфекција, а предизвикувач е бактерија. Од прилепската болница е префрлено кај нас, односно на Клиникава за детски болести каде што се направени сите анализи и е постојано третирано со терапија. Кај него дојде и до откажување на бибрезите и по една недела од приемот бебето почина. Ваква рана инфекција, сепса кај новороденче настанува најчесто или поради интерхоспитални бактерии или поради инфекција која евентуално би ја имала мајката. Тоа допрва треба да се испита, вели проф. Софијанова за Фактор.


Детали на Фактор.мк