Херој на денот: Дванаесетгодишниот Марко го преплива Охридското езеро

Добивај вести на Viber

Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Охрид, денес на празникот Голема Богородица го преплива Охридското езеро. И покрај здравствените проблеми, инфаркт на коска на долните екстремитети, ништо не го спречи да си го оствари сонот.

Марко помина осум часа во езерото, кое го преплива од Свети Наум до градското пристаниште. Младиот херој беше пречекан од голем број сограѓани и стана пример за упорност и неизмерна желба за постигнување на саканата цел.