ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Медицинската сестра Маја дежурна во изолација се грижи за пациентите со коронавирус
Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави слика со медицинската сестра Маја, која во изолација се грижи за пацинетите со коронавирус.
Тој, по повод денешниот ден 8 Март се сретнал со директорката Катерина и им се заблагодарил за посветеноста и им го честитал празникот на сите жени во тимот.
Целиот текст на министерот ви го пренесуваме во целост: „ Денеска посебно признание и оддаваме на медицинската сестра Маја која е дежурна во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состоби давајќи грижа на пациентите со корона вирус. Голема благодарност и до целиот персонал, посебно до сите докторки, медицински сестри и директорката на Клиниката. По повод 8 Март се сретнав со докторката Катерина, се заблагодарив за посветеноста и го честитав празникот на сите жени во тимот кои се грижат за нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. Денеска, тие се хероини на денот! Честит 8 Март!“, напиша Филипче.
Ако се сомневате дека сте заразени со Коронавирус: Направете ги овие работи веднаш