Холивудската дива Шерон Стоун бара момче на Тиндер: „Му го вратив прстенот на вереникот по пошта, а потоа отидов на состанок со зависник од хероин“
Иако важи за една од најфаталните жени на светот, љубовниот живот на Шерон Стоун не „розов“. Затоа актерката одлучила да бара сродна душа на мрежите за запознавање.
Како што пренесуваат медиумите таа дефинитивно нема среќа во љубовта, па затоа одлучила да преземе нешто. Наводно отворила профил на Тиндер, мрежа за запознавање каде се надева дека ќе го најде вистинскиот маж за неа.
Една од најфаталните актерки во светот, која на 65 години успеа да одржи линија на која можат да и позавидат и многу помладите девојки, во интервју за The Times ги опиша своите искуства со апликациите за запознавање како Tinder и Bumble.
Еден состанок, особено и останал во сеќавање. Аферата со „зависник од хероин“ која се случила во хотелот Бел-Ер. Сепак, тоа не траешело долго, открила актерката.
- Тој испи коктел, абсинт или слично. И му реков: „Жал ми е, не можам да останам“ – се присетува таа. Но, имала и подобри искуства.
За време на пандемијата, таа имала две искуства кои останале само со комуникација на интернет па со мажите разговарала за нивните врски кои неодамна завршиле.
- Им бев речиси како терапевт – рече таа и додаде:
- На едниот сопругата му рекла дека сака развод, а имаа две мали деца. Тој се бореше да го преработи сето тоа. А другиот раскина со девојка му. Забременила и наместо да се омажи, абортирала … Тој уште беше многу заљубен во неа и јас му помогнав да се среди, изјавила актерката.
Стоун откри и дека не користи апликации за да најде некого „за една ноќ“ бидејќи таквите луѓе можат да се сретнат во обично кафуле. Таа додаде дека запознала типови на мажи кои никогаш не би ги запознала во реалниот живот, а моментално разговара со аеронаутички инженер.
- Ова е годината во која сакам да се заљубам – 100 проценти – изјави познатата актерка.
Инаку, актерката шест години беше во брак со новинарот Фил Бронштајн, од кој добија син, кој по долга битка за старателство отиде кај неговиот татко.
- Бракот беше вистински неуспех за мене. Поранешниот сопруг не ме забележа, не ме чу, не ме виде – изјави еднаш таа за „Дејли мејл“.
По него Шерон три години беше во врска со продуцентот Мајкл Гринбург, а нивната љубов беше крунисана со свршувачка. Шерон на крајот му го врати прстенот по пошта.
Фото:Инстаграм