Храната во ресторан за две лица две евра, а сместувањето е само 10: Пар од Србија открива кои се трите најевтини земји и зошто треба да ги посетите

Секогаш е добро време за патување. И ако желбата да се патува низ должината и ширината на планетата изгледа како невозможна мисија, размислете повторно. Имено, брачната двојка Бабиќ  на интернет се познати како двајцата светски патници. Тие со задоволство споделуваат исклучително корисни совети, а овој пат ги споделија и нивните топ три земји каде цените се исклучително поволни.

Затоа, подгответе ги вашите патни торби и пасоши, бидејќи сигурни сме дека многу лесно ќе изберете една од овие дестинации кои со задоволство ќе ви ја препорачаат!

Ивана и Горан направија избор гледајќи ги цените на храната, превозот и сместувањето, па споредија дестинации и никогаш нема да помислите дека овие земји се неверојатно евтини.

- Ова се 3-те најевтини земји што ги посетивме досега. Ја гледаме цената на храната, пијалаците, превозот во и меѓу градовите, како и сместувањето и споредуваме врз основа на тоа. Ги имаше повеќе, но овие три ги издвојуваме како најдобри - наведуваат Горан и Ивана во нивната најнова објава.


На прво место беше Виетнам, каде буквално живееле еден месец, јаделе, излегле неколку пати, биле на четири екскурзии, во музеи, престојувле во хотели, хостели, куќи за гости, се возеле со автобуси меѓу градовите и цел месец потрошиле вкупно 830 евра за двајцата.


- Друга земја е Пакистан, се беше доста поволно, но најчудно им е на луѓето кога ќе им кажеме дека сме платиле само 80 евра за 700 километри возење со такси. Сместувањето е исто така доста евтино, а за двајцата плативме вкупно 10 евра. Дополнително на сето тоа, се чувствувавме многу безбедно, што сигурно е прв приоритет на сите.

Третата најевтина земја од оваа листа е Узбекистан.


- А ако не‘ следите од оваа година, сигурно сте запознаени со тие објави. Таму јадевме за 2 евра во ресторани и плативме најевтин градски превоз, само 0,12 евра за метро и автобус. Најскапи од сите биле билетите за некоја од атракциите, а ниту една не ја надминала цената од 4 евра - заклучила оваа двојка.


Фото и Видео: Тикток
Извор: женаблиц