И Будизам и Божиќ и Бајрам: Ќерките на Бреговиќ се од различна вероисповед

Добивај вести на Viber

„Кога моите деца беа мали за Бајрам беа муслимани затоа што тогаш добиваа подароци, а за Божиќ и Велигден беа христијани затоа што и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната, кој сега е во пубертет е будистка. Не ми пречи тоа, се разбира. Моите деца ќе бидат Французинки, иако сакаат да доаѓаат во нашиот регион и имаат пријатели овде“, рече славниот Горан Бреговиќ за српски „Блиц“ на прашањето што слават од верските празници, а додаде дека за него и сопругата „е доцна, „ние двајца секогаш ќе бидеме свои.“