И двете имаат 81 година: Супер бабите патувале по светот, лудувале како тинејџерки, но и најискусните патници не треба да го пробат ова

Добивај вести на Viber

Вистинските пријателства се реткост овие денови, а две најдобри пријателки од Тексас докажаа дека не постои старосна граница за авантура, дури и кога имаш 81 година.

Ели Хемби, која е фоторепортер и Сенди Хејзелип, докторка и предавач, успеале заедно да го обиколат светот за 80 дена колку што е нивната возраст.

Пријателките ја започнале својата авантура на 11 јануари, според блогот што го воделе за време на патувањето. Нивната прва станица била дестинација која и поискусните патници сѐ уште не ја посетиле, а за нив била голема желба, прво го посетиле Антарктикот.

Првата дестинација на „бабите патувачки“: Антарктикот


За да се дојде до најјужниот континент најпрво треба да се помине преминот Дрејк, озлогласените немирни води помеѓу најјужната точка на Јужна Америка и Јужните Шетландски Острови на Антарктикот.

- Речиси два дена се нишавме и се тркалавме, се лизгавме и се спуштавме низ преминот Дрејк и се молевме да преживееме - вели Ели Хемби во интервју за CNN и додава: Беше навистина возбудливо.


Пристигнувањето на најјужниот континент им дало неверојатно чувство, кое никогаш нема да го заборават.

- Но, кога стапнавме на земја на Антарктикот, сето тоа беше заборавено. Убавината на Антарктикот е едноставно неверојатна. Гледајќи пингвини, ледени брегови и глечери - беше неверојатно - се присети Ели.

По тој прв храбар потфат, пријателките посетиле 18 земји на сите седум континенти. Исто така, патем стекнале лојални следбеници на социјалните мрежи кои редовно ги следат авантурите на „бабите патувачки“ на Тикток, Инстаграм и Фејсбук.


Д-р Хејзелип откри дека ја запознала Ели по смртта на нејзиниот сопруг во 1999 година, која „во срцето и всадувала желба секое лето да оди на патувања со внуците“. Ова ја довело до медицинска мисија во Замбија, проект што Хамби и нејзиниот сопруг го воделе во јужна Африка. Двете се зближиле затоа што и двете сакаат да патуваат и приоритет им е стекнување нови искуства, а не удобност и ексклузивни одморалишта.

По смртта на сопругот на Е.Л во 2005 година, тие се зближиле уште повеќе како вдовици, а идејата за патување околу светот им дошла неколку години пред секоја од нив да наполни 80 години. 

- И така, околу четири години пред да наполниме 80 години, еден ден ѝ спомнав: „Ели, зарем не би било забавно да имаме 80 години и да го пропатуваме светот за 80 дена?

На нивната страница, Хамби и Хејзелип велат дека патувањето им го посветиле на нивните покојни сопрузи, Кели и Дон.

- Ни недостигате и сакаме да ни се приклучите на нашата авантура - напишале тие.

Првично, планот требало да започне во 2022 година кога ќе наполнат 80 години, но Ковид ги нарушил нивните планови. Така на пат околу светот тргнале оваа година, а нивнато мото било: „На 81 година и сè уште во бегство“. 

Во изминатите три месеци, пријателките јавале камили во Египет, се дружеле со слонови на Бали, танцувале во Непал и уживале во поларната светлина во Финска. И покрај предизвиците што ги претставуваат меѓународните патувања, најдобрите пријателки велат дека никогаш немало недоразбирања во тие 80 дена.

- Двете сме многу независни, многу тврдоглави. Но, се чини дека си даваме доволно простор“, вели Ели Хамби. „Едноставно се разбираме и знаеме дека ова е добра работа што ја правиме и некако си ги почитуваме чувствата меѓусебно. 

За Хамби, врв на патувањето биле луѓето што ги сретнале на патот.

– Пејзажите низ кои поминавме се прекрасни, но работите на кои најмногу се сеќаваме се луѓето кои ги запознавме – додава таа.

- Запознавме некои од најубавите, најљубезните, најпријателските луѓе на светот. Сега имаме пријатели ширум светот кои многу ги сакаме. Секогаш кога заминувавме нагласувавме дека не планираме одмор. Планиравме авантура. И секој ден беше авантура.

Иако Хемби и Хејзелип ја завршија својата светска турнеја и се вратија дома во Тексас, тие веќе го планираат своето следно патување, потврдија за Си-Ен-Ен.


Фото и Видео: ТикТок