И Кејт Мидлтон би ја посакала нејзината венчаница: Најубавата новосадска девојка воодушеви на својата свадба (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Убавата Уна Крлиќ конечно го кажа судбоносното „да“!

Уна често ја нарекуваат „најубавата девојка од Нови Сад“, а модните познавачи ја ценат како исклучително автентична и подготвена и самата да дизајнира облека.

Таа се забавува со Павле пет години, а нивната свршувачка се случи на магичниот Миконос. Нејзиното момче организираше мал „заговор“ и приреди модна фотосесија, на која ненадејно ја запроси

Инаку, младоженецот е брат на Михано Момоса, за чиј бренд Уна често работи. Нејзината венчаница, како што велат, била достојна за една дама како Кејт Мидлтон. Асиметричните детали се создадени под впечаток на главниот тренд на оваа сезона, а витката линија на невестата е нагласена со тесниот крој.


На долгата наметка стоеше интересен натпис „forevermore“, а Уна го соблече кога беше време за играње. Сите беа воодушевени од елегантно уредениот простор за самата свадба, додека свадбената торта беше вистинско изненадување.

Извор: lepaisrecna.mondo.rs