И Милица Павловиќ присуствуваше како специјална гостинка на свадбата на Јордан Мијалков: Пејачката го „запали“ светскиот џет сет
Младенците имале желба Милица да им го развесели
нивниот посебниот ден, што пејачката со задоволство го исполнила.
Младата ѕвезда Милица Павловиќ вчеравечер ја „разгоре“ атмосферата на една од најскапите и најлуксузни свадби во регионот која се одржа во Скопје, свадбата на Јордан Мијалков.
Младенците, кои живеат во Монако, венчавката ја направија во родниот град, од каде потекнуваат нивните семејни корени, а една од нивните желби, меѓу другото била Милица да пее на нивната свадба, што пејачката со задоволство го исполнила.
На раскошната сцена наизменично настапуваа бројни ѕвезди од целиот свет, кои на гостите им пееја различни хитови, а кога дојде време за тортата, како специјална гостинка се појави Милица Павловиќ која шоуто го започна со песната „Проверено“.
Милица за оваа пригода се одлучи црна тоалета која ѝ ја истакнуваше одличната фигура, а кога таа заиграла се случил „целосен хаос“.
Иако отпеа само неколку песни, Милица им направи одлична атмосфера. Нема сомнеж дека дури и светскиот џет сет знае да препознае добра енергија, бидејќи повеќето гости не се од нашите простори и не разбраа ниту еден збор од песните, но сепак одлично се забавуваа.
Фото:Инстаграм