Принцезата од Дубаи го напушти маж ѝ преку Инстаграм, јавно побара развод: Цела земја се тресе од зборовите
Принцезата Махра, ќерката на владетелот на Дубаи, сподели
објава во која пишува: „Драг мажу, бидејќи си зафатен со туѓо друштво, со ова
го објавувам нашиот развод“.
Принцезата Махра од Дубаи јавно го напушти сопругот Мохамед Бин Рашид бин Ман Ал Мактум само два месеци откако го добија првото дете. Таа ја шокираше конзервативната заедница во Обединетите Арапски Емирати, откако преку објава на Инстаграм на својот сопруг му откри дека на нивниот брак му дошол крајот.
Принцезата Махра, ќерката на владетелот на Дубаи, сподели објава на која пишува: „Драг мажу, бидејќи си зафатен со туѓо друштво, вака го објавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе, се разведувам од тебе и се разведувам од тебе. Чувај се. Твојата поранешна сопруга“.
Иако кратка и јасна, пораката на принцезата е многу очигледно полна со болка, и јасно е инспирирана од муслиманската традиција на тројно одрекување. Оваа практика се нарекува „талак талата“, а тоа значи дека мажот три пати по ред и изјавува на сопругата дека се разведува од неа, што ја разведува двојката, барем во очите на исламот.
Исто така, парот повеќе не се следи на социјалните мрежи и ги отстрани сите заеднички фотографии од нивните сметки.
Двојката се венчаше во мај 2023 година, а во мај оваа година добија ќерка. Сè уште нема официјална потврда за разводот, а се појавија шпекулации дека сметката на принцезата е хакирана.
Шеиха Махра има 30 години и е ќерка на Мохамед бин Рашид Ал Мактум, владетел на Дубаи и премиер на ОАЕ. Дипломирала меѓународни односи на неименуван лондонски универзитет, а е голем поддржувач на правата на жените, како што пренесува „Дејли мејл“. Објавата во која таа ја применува древната практика на тројно отфрлање, која традиционално е резервирана за мажи, можеби најдобро го покажува тоа.
Нејзиниот сè уште легален сопруг - шеикот Мана - е познат претприемач, а поголемиот дел од своето време го поминува во Лондон и Велика Британија, каде што поседува скап имот и неколку други имоти.
Фото: Инстаграм