Актуелно // Insta вести
И во крпа да се облече, ќе ѝ стои врвно: Каролина во патики и фармерки изгледа моќно на сцена исто како да носи гламурозна тоалета
- 29 Август, 2023
Македонската дива вчеравечер настапи во Тетово пред бројна публика.
Каролина Гочева во Лешок се појави во неочекуван изглед, имено таа носеше тренди фармерки со широки ногавици и црн топ кој имаше расцепи на половината, а на нозете носеше удобни патики.
Пејачката која има 43 години може да се пофали со завидна фигурна и што ѝ да облече ѝ стои одлично.
Таа во еден момент пеејќи и уживајќи заедно со публиката седна на сцената и продолжи да ги забавува присутните.Фото: Инстаграм - Каролина Гочева