Идеален десерт за деновите од постот: Бели бомбици и бајадери со кокос
Идеален десерт, доколку постите пред Велигден...
Трендовите во храната се менуваат, креативните готвачи и слаткари создаваат нови рецепти за одлични десерти скоро секој ден, но едно е сигурно - ситните колачи секогаш ќе бидат одличен, сигурен избор, како за секој ден, така и за деновите кога се пости!
Особено, ако ситните колачи се посни, тие се одлична идеја за подготовка кога се овие денови во прашање, но и да се има некое благо задоволство за време на истите.
Состојки:
300 гр шеќер;
200 мл вода;
250 гр маргарин(посен);
300 гр бисквити (Посни);
100 гр кокосово брашно;
100 гр бело чоколадо (посно);
3 лажици масло.
Начин на подготовка
Ставете шеќер и вода во сад и кога ќе зовријат, варете уште три до четири минути. Додадете маргарин и мешајте додека не се растопи. Потоа додадете мелени бисквити и кокос и сите состојки добро измешајте ги.
Истурете ја смесата во тепсија обложен со фолија и оставете го да се олади и стегне. Половина од оваа смеса може да ја направите во форма на топчиња и да ги извалкате во бисквити или кокос, на пример.
Растопете го чоколадото со масло и прелијте ја бајадерата, а кога ќе се стврдне исечете ја на решетки. Исто така да ја прелиете со бел фондан направен од шеќер во прав и малку вода. Сервирајте по ваша желба.
Напомена: Кокосот е една од најважните намирници за овој рецепт. Затоа, кога ќе одите во набавка, на полиците во марките побарајте го кокосовото брашно „Кибела“.
Фото: Shutterstock/freepik