Идеални секс пози за време на менструален циклус

Повеќето жени имаат силна желба за секс за време на менструалниот циклус, што ja потиснуваат од неколку стравови ... и тука ја прават најголемата грешка!

Кога ќе добијат менструација, жените се претежно во лошо расположение и надуеност, но тоа во никој случај не ги спречува хормоните да течат низ крвотокот.

Исто така, зголемената влажност на вагината во тие денови го прави сексот уште попријатен. На една популарна страница, жените ги споделија своите искуства кога станува збор за секс за време на „тие денови“, но препорачаа и пози во кои на секоја жена ќе ѝ биде удобно и шансите нешто да се случи „погрешно“ се минимални.

Пеперутка

- Обидете се со позата пеперутка. Легнете на грб, на работ на креветот. Оставете го партнерот да застане пред вас, а потоа кренете ги нозете на неговите рамена. Тој може да ви помогне и да ги подигнете колковите до висина што му одговара и на него, или можете да ставите перници под грб - откри Шајен (31).

Лажица

- Позата во која тој лежи зад вас, популарно наречена „лажица“ е мојата омилена поза кога сум во циклус. Не само што е оневозможена длабоката пенетрација, што е огромен плус ако имате грчеви, туку оваа поза е навистина интимна - советува Кели (26).

Стоечки „doggy style“

- Стоечка „кучешка“ поза е одлична опција затоа што сè ќе остане чисто, а грчевите ќе се намалат затоа што крвта циркулира засилена во другите делови на телото. Свртете се кон ѕидот и потпирајте се на него со рацете, се разбира извиткајте го грбот доволно за да му го олесните навлегувањето на партнерот - објаснува Керол (24).

Класична мисионерска

- Иако некои луѓе сметаат дека оваа поза е досадна, јас ја обожавам затоа што понекогаш наједноставното е всушност најдоброто. Лежењето ми помага при грчеви, но во оваа позиција, не заборавајте да ставите пешкир под вас. Ако сакате посилна стимулација, свиткајте ги нозете на колената и подигнете ги кон брадата - вели Џесика (26).