Игор Џамбазов: „Дедо ми Петре беше господин во времето на “другарите“, јас се трудам да бидам другар во време на „Господата““
Игор Џамбазов секогаш храбро и на посебен начин ги изнесува
своите ставови и мислења за случувањата кои не опркужуваат, кои и тоа како
доприраат до пошироката публика. Речиси и да нема човек кој не се согласува со неговите
„гласни“ размислувања особено кога се во прашање темите од секојдневието.
Овој пат на „тапет“ ги стави „господата“ кои за разлика од некогаш, имаат сосема поинаква перцепција што всушност значи овој збор.
- Дедо ми Петре беше господин во времето на „другарите“, јас се трудам да бидам другар во времето на „господата“, напиша тој на својот Инстаграм профил.
Покрај илјадниците следбеници кои го подржуваат ова размислување за „другарите и господата“ на денешницата, осамнаа и неколку коментари кои говорат за едно поинакво и поубаво време:
- „Ме фаќа непозната носталгија за нешто што јас не сум го доживеала, а сепак недостасува кога ќе прочитам нешто слично. Мора да биле мнооогу убави времиња“, „Сме биле другари и знаеме како беше „другарувањето“ сега се трудиме да бидеме „господа“, но од толку трудење, еве веќе над 30 години сите нас не‘ „трудат“ со сета сила“, „Кои господа бе Игоре... кои господа?!? Умре тоа време!“...
Она што е сигурно е тоа дека неговиот дедо Петре беше голем господин, уметник, актер... и остави позади себе нешто што ретко кој ќе може да го достигне.
Фото:Инстаграм