Им пружија љубов и топол дом: Славни личности кои посвоиле деца
Шведска студија покажа дека посвојувањето има голем број придобивки и за децата и за посвоителите. Родителите почнуваат да живеат поздрав живот и воведуваат рутини, што значи многу и за нивните деца
Анџелина Џоли
Актерката Анџелина Џоли (45) го посвои момчето Медокс (20) од Камбоџа пред да го запознае Бред Пит (57) како самохрана мајка.
Со актерот, таа подоцна го посвои девојчето Захара (16) од Етиопија, а во 2006 година го роди девојчето Шајло. Од Виетнам, таа посвои момче Пакс (18) во 2007 година, а во 2008 година ги роди близнаците Вивиен и Нокс.
Мадона
Поп кралицата Мадона (62) ја роди ќерката Лурдс во 1996 година и синот Рока во 2010 година. Таа ги посвои момчето Дејвид Банда (15), девојчето Мерси Џејмс (14) и близнаците Естер и Стела (8) во Малави.
Шерон Стоун
Актерката Шерон Стоун е горда мајка на три посвоени деца. Не можејќи да имаат деца со нејзиниот поранешен сопруг Фил Бронштајн, парот во 2000 година го посвои момчето Роан Џозеф. Четири години подоцна, двојката се разведе, но тоа не ја спречи актерката самостојно да го посвои момчето Лаирд Вон во 2005 година и Квин Кели Стоун во 2006 година.
Кетрин Хајгл
Поранешната sвезда на серијата „Вовед во анатомија“, која е во брак со музичарот Џош Кели, во септември 2009 година ја посвои девојката Ненси Ли, а во 2012 година посвоија друга девојка Адалаида Мари Хоуп. Тие го имаа биолошкиот син Jошуа роден во 2016 година.
Шарлиз Терон
Шарлиз Терон (46) ги посвои девојките Џексон (10) од САД и девојчето Август (6).
Мишел Фајфер
Со нејзиниот сопруг, сценаристот Дејвид Е.Кели (65), Мишел Фајфер (62) го има биолошкиот син Џон (27) и посвоената ќерка Клаудија (28).
Шведска студија од пред неколку години покажа дека посвојувањето резултира со подолг живот и за децата и за посвоителите. Истражувачите веруваат дека фактот што развојот на детето зависи од нив ги охрабрува родителите да живеат поздраво и да прифаќаат поздрави навики ако претходно не ги практикувале. Готвење здрави оброци, редовен распоред на спиење, одржување чист дом се само некои од работите што не само што ќе влијаат на подобар живот на вашето дете, туку и на вашиот.
Родителите кои посвоиле деца од друга нација мора да вклучуваат аспекти на оригиналната култура на детето, па дури и да воспостават пријателства со луѓе од иста етничка припадност како и детето. Запознавањето со различни култури може да ја подобри вашата креативност, што може да го намали стресот и депресијата, па дури и да го ублажи почетокот на хронични болести, пишува Bright Side.
Извор: Bright Side