Има 32 години, и наскоро ќе биде баба: Сите ѝ велат дека е премлада за внуци, а таа им возвраќа вака!

Добивај вести на Viber

Шенон има само 32 години, а за само неколку недели ќе стане баба. Иако признава дека изгледа премладо за да има внуци, таа вели дека е воодушевена и едвај чека да го разгали своето прво внуче, пишува The Sun. Шенон ја добила својата ќерка кога имала само 16 години, а нејзината ќерка ја следела истата судбина и исто така забременила на 16 години. Иако на почетокот била шокирана и изненадена, младата баба вели дека сега е пресреќна и е една од најголемите поддржувачи на својата ќерка.

„Имав 15 години кога забременив и 16 кога ја родив. Така, јас бев многу млада мајка. И да, ја имав добив кога бев млада, но знаете што? Тоа беше најдоброто нешто што ми се случило. Апсолутно најдоброто нешто што некогаш дојде во мојот живот. Ме промени толку многу како личност, промени апсолутно се‘ кај мене. И не жалам за ниту една работа, ниту за една работа“, рече таа.

„Ќе им бидам најдобрата баба на моите внуци. Тоа е сè што можам да направам, само да ја поддржам и да бидам тука за неа. Бев на секој преглед, на секој ултразвук, правев се‘ за неа. И купив се‘ за бебето, бидејќи немаше сопствени приходи, па осигуравме се‘. Не само јас, туку и сите други околу мене. И имаме се‘, сите сме подготвени. Само ќе бидеме покрај неа и се надеваме дека сите можеме да ѝ помогнеме“, додаде таа.

Откако ја сподели целата ситуација на TikTok, Шенон предизвика дебата во коментарите. И додека многу корисници ја пофалија дека ја поддржува нејзината ќерка, многумина ја критикуваа дека дозволила да се случи тоа. „Браво, ова е многу убаво! Среќно нејзе и тебе“, коментира еден корисник, додека друг додал: „Бабите секогаш помагаат. Не можев да направам ништо без мајка ми“.

„Честитки - станавте дадилка, можеби дури и замена за мајка“, гласеше еден коментар. „Како дозволивте вашата ќерка да ја направи истата грешка што сте ја направиле вие?Воспитувањето  очигледно пропаднало...“, додаде еден корисник.


Фото: ТикТок - screenshoot