Има 60 години, а изгледа две децении помладо: Познатата глумица ја откри тајната за својата убавина
Многу често ја прашуваат како успева да ја одржи витката линија и сјаниот тен
Позната актерка Анџела Басет во август наполни 60 години, но се' уште воодушевува со својата појава. Секојдневно добива огромен број комплименти за својот изглед, а во интервјуто за магазинот Allure таа истакнува дека шеесеттите години се всушност новите четириесет.
- Напреднати сме, па толкувањето на старосните години се' повеќе се поместува. Шеесеттите години станаа новите четириесет, а седумдесеттите се новите педесет. Со годините, мора да го намалувате стресот, но и да се чувствувате секси во своја кожа - вели актерката, која е мајка на две деца.
Прекрасната Американка сепак не криеше дека доста труд вложува во својот изглед и дека два пати неделно вежба со личен тренер.
- Клучот е во правилната исхрана и вежбањето. Се' доаѓа одвнатре. Секогаш трудете се да јадете вкусни оброци. Уживам во вкусната и фина храна. Мислам дека здраво, не мора да значи и невкусно - истакнува таа и додава дека воопшто не јаде млечни производи и бели пецива.