Има куќа како од Алпите: Направена од камен и дрво – еве во кое македонско село Нина Ангеловска црпи инспирација
Враќањето на село и одмор во природа во последните неколку години стана вистински хит. Атрактивноста на селата станаа популарни во периодот на пандемијата кога граѓаните се вратија во родните куќи – викендици.
Поранешната министерка Нина Ангеловска и основач на Првата македонска асоцијација за е-трговија, за време на празниците уживаше во вистинска селска идила во селото Брајчино, Преспа.
Нина во видео ја покажа куќата во родното село на нејзините баба и дедо и која наликува на куќите кои може да ги видиме на Алпите или како во скијачките центри на Андора.
Однадвор куќата изгледа како вообичаените македонски куќи, направена од камен и греди, голем трем и прозорци со дрвени ролетни. Куќата за новогодишните празници изгледала како од бајките, украсена со светилки.
Куќата располага со голем двор, трем идеален за во летниот период, лежалки за уживање во убавото преспанско сонце, додека внатрешноста на куќа во поголемиот дел е на основа на дрво.
Во една прилика Нина објави:
„На 230 км од Скопје, во подножјето на Баба планина е лоцирано најдалечното село од Скопје – прекрасното Брајчино.
Не само поради тоа што многу лета како дете ги поминував тука во родното место дедо ми и баба ми-пионер во селски туризам од 80-те, или поради тоа што тука го открив вкусот на шумските јагоди, учев да месам зелник, да нижам пиперки, да правам слатко, домашен ликер, туку поради тоа што навистина има што да понуди буквално за секого – Плажите на Преспанското езеро во Претор, Дупени, Крани, Сливница се на неколку километри, љубителите на планина со час-два пешачење може да ја истражуваат недопрената природа и реките низ планините, за 5-6 часа планинарење може да се качите на Големо Пелистерско Езеро на 2218 м надморска височина … неколку автентични цркви со посебна душа‘, напиша Нина.
Вистински рај на земјата за секоја доба од годината. Низ селото Брајчино тече бистрата Брајчинска Река, која го дели селото на Горно Маало од нејзината лева страна и Долно Маало на нејзиниот десен брег. Атарот на Брајчино изобилува со извори и брзи бистри водотеци на која некогаш во селото работеле 12 воденици и 4 валалници.
Брајчино е село од собран тип, со стари и нови куќи, сите на кат, градени од камен, а поновите од блок-тула, покриени со ќерамиди. Околу куќите постојат дворни места во кои се изградени стопанските и други објекти (плевни, штали, тремови, гумна, гаражи, магацини, фурни и др.), а во некои постојат зеленчукови и овошни градини. Поголем број од постарите куќи се обновени, а се изградени и нови.
Фото: ИнстаграмРЖМ