ИМА НАДЕЖ: Откриен протеин кој помага при коронавирусот

Добивај вести на Viber

Прелиминарните резултати од клиничкото испитување укажуваат дека нов третман на „Ковид-19“ драматично го намалува бројот на пациенти кои завршуваат на интензивна нега, објав и британската компанија која го разви третманот, јави Бибиси. (BBC)

Станува збор за фирмата Synairgen со седиште во Саутемптон која всушност при овој третман користи протеин наречен интерферон бета кој телото го произведува кога ќе добие вирусна инфекција.

Протеинот се вбризгува директно во белите дробови на пациенти со коронавирус, користејќи небулизатор.

Првичните сознанија укажуваат на тоа дека третманот ги намалува шансите кај пациентите со Ковид-19 во болница да развијат тешка форма на болеста или механичка вентилација за 79 отсто.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк