Има околу 30 недвижности: Колку тежи богатството на Бреговиќ

Добивај вести на Viber

Горан Бреговиќ е сопственик на околу 30 недвижности, пишува хрватскиот портал „24 сата“. Главно, тоа се луксузни вили, а поседува и станови и гарсониери. Неговото богатство, според хрватскиот портал се проценува на повеќе од 35 милиони евра. 

Во Загреб во 2005 година, Бреговиќ купил двокатна куќа од 550 квадрати. Ја изнајмува за пет ипол илјади евра за месец. Неговите соседи од Белггард велат дека таму има околу 15 куќи. Кога ќе дојде во Белград, претстојува во населбата Сењак во неговата луксузна вила која е заштитена со голема ограда на далечинско а има и видео надзор. Дворот не може да се види од улицата. Имотот покрај вилата исто така е негов. Тоа е објект кој наликува на сала за славење, со трамболини и игралиште за децата за неговите пријатели. И тој дел е заштитен со висока ограда. 

„Цел живот имам страв од сиромаштија. На запад не е како кај нас, кога ќе останеш на улица, немаш тетка да ѝ отидеш на ручек. Немаш вујко за да позамиш пари од него. Во војната изгубив многу, па од тој страв купував премногу работи“, изјавил босанскиот музичар со светски успех.

Покрај двата имоти на Сењак во Белград, Брега неодамна купил уште еден и тука сега гради нова вила која ќе има повеќе од 300 квадрати. Тој инвестирал само околу 10 илјади евра во градината, во кој сега сади домати и краставици. 

Фото: Пиксел