Има родено две ќерки, а изгледа како модел: Нашата пејачка го покажа згодното тело на зајдисонце

Добивај вести на Viber

Пејачката Наташа Малинкова деновиве се сонча на плажите во Грција. Малинкова овој пак како дестинација ги одбра плажите на Патра, односно третиот град по големина во Грција.

На фотографиите кои ги објави Малинкова е сама, но очигледно е дека има друштво бидејќи некој ја фотографирал пред големиот и препознатлив мост за овој град.

Малинкова не ја пропушти приликата да се фотографира во провокативно издание во дводелен костим за капење. За овој одмор пејачката одбрала црно-бел костим.

Зајдисонцето на плажа го искористила и за уметнички фотографии на кои ја покажува нејзината силуета.

Пејачката нема проблем со разголеувањето, ниту пак нејзиниот сопруг со кој е во брак повеќе од 20 години. Во една прилика за Женски магазин, пејачката изјави:

„Кире знае што е добро, а што не за мене, но секогаш остава јас да ја дадам конечната одлука. Не ми замерува на провокативните фотосесии. Еротиката продава, а тој нема предрасуди на оваа тема. Разголувањето е нормална работа на естрадата, знае дека сум професионалец и затоа ме поддржува“.

Парот ги има двете ќерки Султана и Емилија. 

Наташа изгледа одлично, иако идниот месец ќе влезе во петтата деценија, кога на 16-ти септември ќе наполни 41 година.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Тело за чиста 10- ка, а скокот во вода доловен маестрално: Наташа Малинкова ужива во Охрид

Наташа Малинкова и ќерката Султана како сестри (ФОТО)