Актуелно // Insta вести
Има само убави зборови за својата свекрва: Сара Мејс со емотивни фотки покажа колку ѝ фали најдобрата баба на светот
- 10 Декември, 2022
Познатата пејачка и харфистка Сара Мејс, пред неколку дена на својот профил на Инстаграм покажа колку ѝ недостасува нејзината прерано почината свекрва Суки, односно мајката на нејзиниот сопруг водителот Димитар Атанасовски.
„Суки една година без тебе, една голема празнина што ништо не може да ја потполни и замени. Ни фалиш многу, на Илина премногу, но се тешиме дека не гледаш горе од небото и дека спиеш на облаците кај што е најмеко и најубаво...“
Таа додаде дека Суки, како што ја вика, била најдобрата баба на светот.