Има силна симболика: Не е случајно што Анастасија и Немања се венчале во вторник - Еве што претставува овој ден

Добивај вести на Viber

Парот се венчаше вчера, и според тамошните медиуми, според популарното верување, тоа има посебно значење.

Понеделник за богатство, вторник за здравје, среда најдобра од сите, четврток за загуби, петок за крстови, сабота најлоша од сите, пишува 24sedam.rs.

Кликнале од прва

- Се запознавме преку пријатели, кликнавме од прва. Се ми се допаѓа кај него, засега се е во ред - изјави тогаш Анастасија без да открива премногу детали.

- И двајцата сме јавни личности, разбираме што ги интересира медиумите, нормално го прифаќаме тој факт. Не е љубоморен, нема причина да биде. Притисоци секако ќе има, но ако нешто е како што треба, ништо не може да го уништи – истакна тогаш таа.

Инаку, Вељко Ражнатовиќ, братот на Анастасија, на својот Инстаграм профил сподели слика со младенците, но и онаа на празничната маса со баба му и дедо му - родителите на Цеца.

„Се е супер, задоволни сме фала богу“, изјави Немања по венчавката.

Анастасија блеска во свилен, бел фустан што го избра за овој момент, додека Немања гордо ја држеше за рака својата сакана сопруга.

Сите беа облечени лежерно, а кога семејството Гудељ излегуваше од вилата на Дедиње, малкумина забележаа еден детаљ на Оливера Гудељ.

Таа избрала розови панталони и бела маичка кои ги комплетирала со шал на познатиот бренд Луј Витон чија цена е околу 600 долари, како и чанта.

На нозете носела патики на спортски бренд.

По церемонијата, пресреќната Цеца проговори:

- Сите сме многу среќни и со нетрпение го очекувавме овој ден! Им посакувам да се сакаат и почитуваат, а се што носи животот да помине во љубовта - изјави Цеца во оваа прилика за „Блиц“.

Кум на Анастасија беше нејзиниот најдобар пријател Љубомир Тозев, а кум на Немања неговиот долгогодишен пријател Горан Телебак.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs