Имала 270 килограми, сопругот ѝ забранил да слабее поради бизарниот фетиш: Кога го напуштила ослабела 160 килограми, а вака изгледа денес
Жената по име
Жалин Витворт достигна тежина од 273 килограми. Луѓето кои се борат со
дебелината имаат поддршка од семејството и добро е кога е така. Сепак, главната
актерка на оваа приказна немаше таква помош. Нејзиниот сопруг дури и забранил
да слабее поради неговиот фетиш. Таа успеала да побегне од неговите „канџи“ и
да се избори за своето здравје.
Приказната за Жалин Ватворт беше прикажана во документарната серија на TLC „My 600-lb Life's“,. Ѝ помогнал познатиот д-р Нау (чие полно име е Јунан Нозарадан). Ја ставил на диета ограничена со калории за да изгуби доволно тежина за да може да направи операција на гастричен бајпас.
Лицата кои се борат со дебелината одат кај споменатиот лекар заедно со своите семејства. Жалин беше исклучок. Кога решила да се справи со вишокот килограми, нејзиниот сопруг бил голема пречка на нејзиниот пат.
Тој не сакал таа да ослабе поради неговиот фетиш кон дебелите луѓе. Одбил да и помогне, па кога таа го прашала дали ќе може да и купи поздрава храна, тој не сакал да го направи тоа.
Благодарение на лекарите успеа да достигне тежина од 113 килограми. По операцијата за намалување на желудникот, таа имала операција за отстранување на вишокот кожа, а тој вишок изнесувал повеќе од 22 килограми.
Жалин сакала да ослабе и за себе и за нејзината ќерка Хана. Успеа да ги задржи килограмите откако ослабе, па дури и да најде нова љубов, Џек Лап ја поддржува во се.
Тешка борба е позади Жалин, која направи многу за нејзиното здравје и за своето вистинско семејство.
Фото:screenshot