„Имам 11 години, а изгледам како да имам една“: Ова девојче се соочува со ретка здравствена состојба, а нејзиниот животен пат го следат 7 милиони луѓе

Добивај вести на Viber


Бела е 11-годишно девојче со тело на едногодишно дете. Таа боледува од ретка болест, веќе имала десет операции, а мајка и го посветила целиот живот на нејзината грижа.

Бела Томсон, 10-годишна од Свифт Терент, Канада, се справува со три ретки медицински состојби: форма на џуџест раст, Хиршпрунг и тешка комбинирана имунодефициенција (SCID), известува Брајтсајд.

Нејзината мајка, Кајла Томсон, го посвети својот живот на нејзината грижа и го споделува нивното патување со повеќе од 7 милиони следбеници на TikTok.

@kylact I wana thank me, for believe’n in me.   #medicalmom #44 #bellabrave #viralvideo @SickKids Foundation #sickkidsstrong 44 THATS ME - 12 Pack of Vibes

Во едно неодамнешно интервју за канадската фондација за дигестивно здравје (CDHF), Кајла елаборираше за медицинското патување на Бела. Хиршпрунг – новата болест, состојба во која нема нервни клетки на делови од дебелото црево, сериозно ја зафати Бела, зафаќајќи го целото нејзино дебело црево.

Иако добиваат голема поддршка, неодамна се соочија со некои негативни коментари.

- Никогаш не сакам навистина да одговорам затоа што не сакам да им го посветам вниманието што го бараат. Тие само се кријат зад екранот – рекла Кајла.

Бела поминала повеќе од 1000 дена во болница, била подложена на бројни операции и преживеала повеќе инфекции. Минатата година, таа беше подложена на трансплантација на делови од абдоменот која и го спаси животот. Поддршката што ја добива од нејзините следбеници и дава сила да се бори.