ИМАМ ВИСОКИ КРИТЕРИУМИ ВО ИЗБОРОТ НА ПАРТНЕР: Елена Ристеска ужива во Мајами

Добивај вести на Viber

По одморот на грчкиот остров Миконос, Елена Ристеска одмара во Мајами. Таа на нејзиниот инстаграм профил објави слика во бикини, на плажа. Поп-ѕвездата на одмор во Америка замина со блиска пријателка.

„ Јас имам многу љубов за да ја подарам некому кој ќе знае да ја цени мојата искреност, посветеност и љубов. Toj ќе биде мојот животен сопатник. Иако сум сега со многу повисоки критериуми во изборот сепак верувам дека од пишаното не се бега. Ќе дојде љубовта кај мене кога ќе ѝ биде време. Не форсирам ниту сум во потрага по партнер, моментално сум посветена на работата и на семејството", изјави Елена во  првото интервју за Женски магазин. 

Таа додаде дека нејзината внука Делфина, ѝ е најголем мотив за радост по смртта на татко ѝ. 

 "Таа буди чувство на љубов во мене. Ме потсетува дека децата се најубавото нешто што можело да му се случи на човештвото и најубавата фаза во животот на еден човек. А мајчинските и теткинските чувства се едно исто", изјави Елена. (М.Џ.)