Имаше плата две марки, а зема кредит за да ми помогне: Карлеуша за мајка ѝ Дивна
Со емотивнна објава, пејачката Јелена Карлеуша се прости од својата мајка Дивна Карлеуша, познатата радио водителка и новинарка која почина завчера по тригодишна борба со ракот.
„Победничке моја, мој голем борецу. Не се грижи ништо, сѐ ќе биде онака како што сакаше. Гордост моја, ти си мојот пример, љубов моја, убава, насмеана. Спиј мирно, ангеле мој“, напиша Карлеуша за својата мајка.
Во претходно интервју , Карлеуша раскажа колку мајка ѝ се жртвувала за неа на почетокот од кариерата.
„ За време на големата инфлација во Србија, кога вредноста на динарот постојано паѓаше, мојата мајка зема кредит за да ми помогне да го снимам својот прв албум. Тогаш имав 15 години и бев решена дека сакам да пеам. Нејзината новинарска плата тогаш беше 2 марки, а таа зема кредит за да ми помогне без да помисли како ние тоа подоцна ќе го плаќаме. Замислете јас бев тинејџерка, живеевме ние двете сами, но мојата мајка знаеше дека ќе станам ѕвезда и дека ќе успеам. Таа е личност која ми верува слепо. Да не беше мајка ми и нејзината жртва, албумот можеби никогаш немаше да излезе“, изјави Карлеуша за ТВ „Хепи“ минатата година.
„ Јавноста веројатно знае дека мојата мајка е болна. Но, ние се бориме со сите сили да ѝ биде подобро. Јас сум ѝ една ќерка и мојата мајка е за мене центар на светот“, рече пејачката во истото интервју .
Дивна Карлеуша ќе биде погребана утре во Белград.