Имав 18 години и болка во очите: Досега невидени фотографии од Парис Хилтон - не било отсекогаш сè така бајковито во нејзиниот живот

Денови ја делат од стапнување на лудиот камен.
Парис Хилтон ги прави последните подготовки за свадбата која најверојатно ќе ја одбележи годинава, со оглед на тоа што од неа тоа и се очекува.
Соништата на богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ се остваруваат бидејќи таа и нејзиниот вереник Картер Реум на 11 ноември ќе запловат во брачното пристаниште.

Но, во нејзиниот живот не било секогаш се' така бајковито и совршено, Хилтон неодамна имаше исповед во која зборува дека најтешките денови всушност биле додека била тинејџерка и во време на полнолетството.

Минатата година Парис Хилтон објави документарец за нејзиниот живот, во кој зборуваше за тешките моменти низ кои поминала. Богатата наследничка на империјата „Хилтон“ реши да сподели некои од нејзините досега невидени фотографии на Твитер.

Таа тврди дека имала ужасни искуства додека одела во едно училиште.

- Овие фотографии се направени кога имав 18 години и се вратив дома од ужасните искуства што ги поминав во училиштето „Прово Канион“. Ја гледам болката во моите очи. Гледајќи го ова сега, знам дека како тинејџер би била толку неверојатно горда на жената што сум денес - напиша Парис.

- На 16-годишна возраст, како дете, ги чувствував нивните очи, додека гледаа во моето голо тело. Јас бев само дете и бев малтретирана секој ден.

Хилтон, исто така вели дека децата во училиштето „Прово Кенион“ редовно биле врзувани, ударани во ѕид, давени и сексуално напаѓани.