Имлек Протеин со поддршка и на првата женска трка во Битола “Биди своја”

Добивај вести на Viber

Имлек Протеин беше поддршка на уште еден спортски настан викендов во Битола. На женската ноќна трка „Биди своја”, брендот Имлек Протеин имаше своја спортска зона за загревање со реквизити за забава, релаксација и обновување на енергијата на учесниците на трката со оптимална доза Имлек Протеин шејк, додека пак за навивачите и поддржувачите беше место за бодрење и дружење.

По завршување на спортските активности, не треба да се заборави дека е од исклучително значење да се снабди телото со протеини кои се потребни за градење и регенерирање на ткивата. Мускулите по трчање се исцрпени па неопходно е да внесеме доволна доза протеин како основа за градење здрава и квалитетна мускулна маса.

Трката „Биди своја” е прва од овој тип, ноќна трка за жени и деца во Битола. Женската трка беше долга 5 километри, а имаше околу 250 учесници, кои со старт од Офицерскиот дом, ги тестираа своите граници, волја и упорност под небото над битолските улици во предизвикувачки временски услови кои дадоа само дополнителен мотив да се стигне до целта.

Брендот Имлек Протеин ја дава поддршката и помошта за одржување спортски настани, токму поради поврзаноста на протеините и физичката активност, како и нивната функција во нашето тело. Имлек Протеин не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање на Имлек протеин шејк 300мл се добива загарантирана доза од 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса, чоколадо, ванила и јагода и како пудинг во две варијанти, чоколадо и ванила.

Имлек протеин беше омилениот пијалак и на останатите трки каде беше присутен и ја даде својата поддршка, односно „Скопје трча”, „Охрид Ултра-Треил” и „Охрид Трчат”. До крај на годината продолжува со поддршката и најавува забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.


*пр-објава