Ина Многуфина распали по гинеколозите: Да кажат зошто наплаќаат прегледи кои треба да се бесплатни, а не дека жените немаат навика да се грижат за здравјето
●Иако законот ни вика дека ни следува бесплатен преглед, прегледите ни ги наплаќаат. И никој не реагира за тоа. 2600 денари отприлика е еден преглед, според новиот ценовник (извор: Денар 29.11.23). Брис е 700 денари, ПАП веќе немаме еднаш годишно туку еднаш во три години.
●Некои општини немаат гинеколог, жените одат во тој еден во другата општина кој не дава фискална за да не го пријави никој дека наплаќа. Ако побараат жените им викаат мој избор е, ако не ти чини иди кај друг. Нема кај кој друг да иде, тој е гинекологот.
●Доколку успееме да зееме фискална и пријавиме во оноа дувлото Фонд за здравство кои треба да работат во корист на граѓаните, тие можеби ќе го посетат гинекологот и ќе му дадат казна која е, замислете ве молам, прифатлива за него да ја плати пошо заработува многу повеќе кршејќи го законот.
●260 000 жени немаат матичен гинеколог, 134 000 немаат здравствено па со тоа ни матичен. Трудниците плаќаат за секој преглед по нешто.
Па следниот пат кога ќе решите за генерализирате дека жените во Македонија не се грижат за своето здравје пишете и за цените и можноста секоја жена да плати одење на гинеколог кој државата ја лаже дека и е бесплатен. Не е цела Македонија Скопје, има многу сиромашни општини со економски зависни жени кои кубурат за основни работи, некои не можат ни улошки да си приуштат, немаат сите пари за да ги задоволат цените на гинеколозите од кои треба државата да не заштити, а не да ги прилагоди казните да им се прифатливи. Полека со тие тврдења, државата треба да и помогне на секоја жена да може да си приушти преглед. Немојте да помислите дека генерализација од ваков тип е прифатлива, има некој процент можеби негрижливи или неинформирани, но има и други фактори кои гинеколозите изгледа не ги кажаа. Полека малце со генерализацијата.