Инди Арадиновиќ ќе мора на итна операција! На пејачката ѝ пукнал силиконот по тепачката со Едита!
Фолкерката, според нејизните зборови во таа прилика ќе ги зголеми градите за бројка плус
Индира Арадиновиќ Инди ќе мора итно на операција, бидејќи ѝ пукнал силиконот во градите. Очигледно атрактивната фолк девојка ја зафати нов проблем по скандалозната тепачка со помалата сестра Едита и ќе мора да го замени имплантот во градите кој ѝ пукнал.
- Се што слушнавте е вистина. Одам на итна операција. Силиконот ми пукна, а во исто време се истроши - рече таа ѝ додаде:
- Со оглед на тоа што веќе го менувам силиконот, ќе ги зголемам и градите за една големина - заклучува Инди за Блиц.
Пејачката пред повеќе од една деценија ги зголеми градите, а како што откри тогаш, водена од желбата за поголема биста, претрпела неподносливи болки.
Исто така, сопственичката на хитот „Бато бре“ тогаш изјавила дека вградувала силикони поради својата професија, како и дека во спротивно не би се решила на тој чекор.
- Многу ме боли кичмата. Докторот рече дека треба да вежбам, да ги зајакнам мускулите на грбот. Не можам да кажам дека се покајав што ги зголемив градите бидејќи визуелниот ефект не изостана, но самодовербата не ми се подобри. Искрено, да не бев пејачка, никогаш немаше да вградам силикон - изјави тогаш Инди Арадиновиќ.
Од 90 намалив на 55 кг: Инди се преполови, па откри на кој начин успеала