Иновативниот производ без чад IQOS три години во Македонија
Иновативниот уред IQOS веќе три години е присутен и на македонскиот пазар.
Овој електронски уред го загрева, а не го согорува тутунот, при што се создава аеросол којшто содржи во просек 95% пониски нивоа на штетни состојки во споредба со цигарите. Со загревањето се елиминираат чадот, катранот и пепелта кои настануваат при процесот на согорување. Сепак, важно е да се напомене дека IQOS не претставува производ без ризик, а како помалку штетна алтернатива во однос на цигарите, е наменет за возрасните пушачи, кои и понатаму би продолжиле да пушат.
Овој иновативен уред е достапен во над 70 држави во светот, а претставува резултат на работата и посветеноста на над 1500 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис Интернешнал, како и на инвестиција од околу 10,5 милијарди долари.
Повеќе за технологијата зад IQOS можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.
IQOS може да се најде на повеќе продажни локации во Скопје и во повеќе други градови во државата, а производот е достапен и онлајн.
Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис Интернешнал и Тутунскиот комбинат Прилеп основана во 2014 година.
*Пр објава