Ѕирнете во домот на пејачката Адријана Ацевска: Дом во кој преовладува белата боја и тераса со поглед кој го одзема здивот
Погледнете дел од домот на пејачката Адријана Ацевска
Фолк пејачката Адријана Ацевска во јавноста е повеќе позната како Адријана Кеш - по името на песната по која таа стана препознатлива, а од неодамна и по поткастот „Искрено“ кој го работи со стендап комичарката и писателка на романи Ивана Наскова.
Таа неодмна во друштво на пријателки летуваше во Палма Де Мајорка, Шпанија, поточно со нејзината колешка Стојне Николова. А вчера со фановите и нејзините следбеници на социјалната мрежа Инстаграм откри и дел од нејзиниот дом.
Адријана се пофали дека го гледа натпреварот, односно финалето на Олимписките игри во тенис, поддржувајќи го Новак Ѓоковиќ, а во позадина може да се забележи, бела убава и моредна Тв комода и полички на кои се гледаат повеќе свеќи и украси, но и подот е бел, па слободно можеме да кажеме дека пејачката ја сака белата боја, која е елегантна, внесува свежина, невиност и смиреност во просторот и е безвременска.
На втората фотографија која таа ја сподели се гледа преубавиот поглед во кој пејачката ужива додека го пие своето кафе и напиша: „Може нема поглед на море, ама ДОМА СИ Е ДОМА“
А убавата и атрактива пејачка која има впечатлива насмевка и долга коса во една прилика за Женски магазин откри кои се нејзините ритуали за убавина и истакна дека секогаш е на некаква диета и внимава што јаде и така ја одржува фигурата, но и дека не љубител на многу нападна шминка, повеќе прочитајте ТУКА.
Фото: Инстаграм - Адријана Ацевска
Р.Ж.М