Ѕирнете во вилата од 20 милиони во која живеат Џенифер Лопез и Бен Афлек: Гламур и сјај што кај нас не го гледате (ФОТО)
Една од најпопуларните пејачки Џенифер Лопез ги отвори
вратите на својот нов луксузен дом во
Беверли Хилс и го покажа рајот во кој ужива со својот сопруг Бен Афлек.
Латино дивата Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек ги изненадија сите кога по долги години пауза ја обновија љубовната врска, а веќе неколку месеци уживаат во бракот. Фотографиите од бајковитата свадба го обиколија светот, а младенците извесно време го бараа својот совршен дом во кој ќе го започнат новиот живот. И го најдоа, а глобално популарната пејачка сега ги отвори вратите од луксузната вила по повод новиот деловен проект кој го подготвува.
Џенифер неодамна ги шокираше сите кога избриша фотографии од својот Инстаграм профил, а на профилните фотки на сите социјални мрежи стави црна позадина. Сепак, потоа откриваме дека сето тоа било само најава за нејзиниот нов албум, со кој, како што рече, ќе затвори уште еден „круг“ од своето емотивно патување од 18 години, а станува збор за песни кои не можела да ги отпее кога таа и Бен ја раскинале свршувачката.
Повторно исполнета со среќа, пејачката покажа дека се чувствува посебно додека ги изговара зборовите „Бен, мојот сопруг“ пред камерите на американскиот „Вог“. Порториканката родена во Њујорк, која сè уште го носи тој мангу дух „Jenny from the Block“, насмеана во интервјуто, среќно ги води гостите низ нејзиниот дом.
Џенифер со првите кадри ги пречека гледачите потпрени на влезната врата, зад која може да се види огромна сала со скапо пијано, како и голема маса украсена со многу детали, меѓу кои и фотографии од нивната свадба. Дискретното осветлување фрла нежни сенки на лицето на актерката и пејачка, која веќе е во шестата деценија, во простор во кој доминираат црно-бели детали. Овој мотив се повторува на подовите, кои се обложени со мермер.
После влезниот хол, пејачката ја води екипата на престижното списание до не толку видливата кујна, но очигледно е дека просторот е исто толку неверојатен. Во средината се наоѓаат два „острови“, украсени со орхидеи, но и трпезариска маса која гледа на неколку двојни врати, кои водат до дворот на вилата.
Задниот дел на импресивниот имот е простран трем, заштитен од дожд и сонце, од кој може да се стигне до огромниот базен, а во позадина се гледа дека имотот е составен од многу други згради. Пејачката додаде дека е најгорда што не мора да го напушти домот за да се посвети на работата, бидејќи во куќата се наоѓа нејзиното музичко студио.
Погледнете како однадвор изгледа луксузната палата од 20 милиони долари:
Фото и Видео: Youtube
ГАЛЕРИЈА: