Исаура од „Преспав“ стана мајка: Еве какво име доби ќерката на Емра и Петар Стојанов

Добивај вести на Viber

Среќните вести ги сподели на својот Инстаграм профил...

Актерката Емра Куртишова позната како Исаура од серијата „Преспав“ објави фотографија со која обелодени дека станала мајка.

Познатата актерка од Театарот за деца и младинци, која пошироката јавност ја засака по ликот на Исаура во популарната ТВ-серија „Преспав“ на свет донела ќерка на која ѝ го дале името Лена.



Емра е во брак со Петар Стојанов. Тие подолго време се колеги од Театарот за деца и младинци.