ИСКРЕНА СОПРУГА: Што му реков кога призна дека ме остава за друга

Не ја сакаш повеќе од мене бидејќи јас бев твој слободен избор, а таа е бегство ...Бегство од мене изморена, бидејќи ти признавам, изморена сум секој ден ... од работа, од дома, од деца.

Само ми рече: „Ми се случи љубов“. Знаев дека тоа е крај, се она што во мене требаше да се сруши, се сруши. Не се „случи“, ниту овој момент и не е преку ноќ...туку долго се уриваа баш како што тоа негово „се случи“ не се „случило“. 

 Тргнав кон него, се врати чекор назад како да се плаши дека ќе го удрам, се насмеав ...Му ја земав раката и му реков „Ајде да седнеме имам само едно прашање за тебе“. „Седна и голтајќи кнедла во грлото запрашав: „Ја сакаш како мене некогаш“? - Ја спушти главата и рече дека сака, можеби и повеќе. Не, не ја сакаш и никогаш повеќе нема да сакаш како мене. Мене ме сакаше со слободно срце и разум. Мене ме сакаше без обврски и стрес. Ја сакаш кукавички штом кажеш дека се „случила“, не се случила бидејќи љубовта не се случува. Тоа се часови седење со некој, милион изговорени зборови, илјадници мали допири, стотици големи. Не се „случила“. Избрана е како што ти мене ме избра, како што јас тебе во масата на други бев избрана. 

Не ја сакаш повеќе од мене бидејќи јас бев твој слободен избор, таа е бегство... Бегство од мене изморена, бидејќи ти признавам, изморена сум секој ден ... од работа, од дома, од деца. Ти признавам, те запоставив и немам многу време да се дотерувам за тебе или да ти го подготвам омиленото јадење. Ти признавам, некогаш не си се допаѓам ниту на самата себе. 

 Не ја сакаш повеќе од мене бидејќи мене ми доаѓаше од свет во кој постоеше само ти и твојата тишина, од свет во кој немаше непроспиени ноќи во кои децата плачат, во кој немаше грижа околу сметки. Мене ми доаѓаше заедно да создадеме немир, тој истиот немир од кој бегаше кај неа. Затоа немој да ме навредуваш кога велиш дека љубовата се случила, немој да ги вреѓаш нашите заеднички години. Не се лутам, не ... јас едноставно чувствував крај веќе долго време. Само што беше тешко да се каже тој збор преку уста. Некаде длабоко во мене постоеше и клише дека и јас можеби сум виновна, бидејќи за се сѐ потребни двајца. Само да знаеш, јас се ова повторно би го повторила и нашата љубов и нашите немири, имаше доста убавини и памтам само убави работи. Знаеш не се плашам веќе. 

Мојот страв да не те изгубам исчезна кога всушност сфатив дека те изгубив веќе долго време. Знаеш, еднаш ако ми „случи“ тој никогаш нема да бидеш ти. Тоа никогаш нема да биде како ова сега бидејќи никогаш повеќе нема толку да можам да дадам од себе и никогаш повеќе ниту еден маж нема да биде поважен од мене.