„Исполнета сум!“ Тања Савиќ призна дека има ново момче и откри во какви односи е со поранешниот сопруг

Добивај вести на Viber

По исклучително тежок период во животот, пејачката Тања Савиќ повторно е среќна

Пејачката Тања Савиќ, една од попознатите ѕвезди на Гранд, преживеа многу тежок период.

Откако нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ на почетокот на пандемијата замина во Австралија со синовите Ѓорѓе и Максим без нејзина дозвола, пејачката со месеци не ги имаше видено децата, а потоа дојде до судска битка, по што синовите се вратија во Србија со Тања.

Таа денес живее со своите деца и нагласува дека тие ѝ се приоритет.

- Сега сум и татко и мајка на Ѓорѓе и Максим. Имам малку време за себе и спијам периодично. Кога децата наутро одат на училиште, јас ги испраќам, па се враќам да дремнам. Најчесто работам за викенди, па понеделник за мене е како недела - објасни Тања за „Ало“. 

- Со нив правам домашна работа, но по математика сум најслаба. Повеќе им помагам кога си ја завршуваат домашната задача по српски јазик затоа што сум одлична во тоа и отсекогаш сум сакала да пишувам композиции. Моите деца совршено зборуваат англиски и разговараат меѓу себе така. Немам ништо против, ми се допаѓа. На тој начин никогаш нема да го заборават јазикот.


Како што истакна, би сакала да остане во контакт со поранешниот сопруг Душан, таткото на нејзините синови, но тој одбива.

- Јас и Душан не разговараме, иако би сакала двајцата да комуницираме. Се обидов, но тој не сака. Децата разговараат со него, а и треба затоа што им е татко - вели Тања.

- Ѓорѓе и Максим би сакале да го видат татко им затоа што им недостига. Немам проблем Душан да дојде во Србија и да ги види - забележува таа.

Пејачката признава дека е среќно заљубена, но не сака да открие кој ѝ го украл срцето.

- После сите мачни години и сè низ што поминав, мислам дека конечно заслужувам да го живеам животот во потполност. Одвнатре сум исполнета, но не би открила за кого се работи - изјави таа за „24sedam“.

Извор: glossy.espreso.co.rs