Исповед на една мајка: Што е добро да знаете доколку се уште немате деца?

Секој период од нашиот живот има свои драми и предизвици - криза на идентитетот за време на пубертетот, егзистенцијални дилеми по студентството, стресот и возбудата на мајчинството ...

Всушност, најдобрата храна за размислување се сервира од оние што можат да зборуваат од прво лице. Затоа ги споделуваме со вас признанијата на една млада мајка која сака да го стори тоа пред нејзините пријатели кои (сè уште) немаат деца.


* „Не се прави дека се разбираш“

Нема како да ти биде јасно за стресот и радоста, кои децата ги создаваат. Нема ниту потреба од тоа.


* „Нештата ќе се променат, но јас се уште те сакам“

Те ценам како пријателка и сакам да останам во твојот живот, но веќе имам други приоритети. Децата секогаш ќе ми бидат на прво место.


* „Мајчинството ми помага во развивањето на кариерата“

Решението да станам мајка не ми попречи на работата, напротив. Ги разви моите лидерски способности. Ме научи да бидам трпелива и аналитична. Способности кои се развиваат во динамични и разновидни ситуации.


* „Имам време за своето хоби“

Сакам да бидам физички активна и да се грижам за себе. Некако успевам да најдам време за тоа. Така, можам да бидам пример и мотивација за моите деца, и да им покажам дека недостатокот на време е само оправдување, кое те кочи во постигнување на твоите цели.


* „Дозволи ми да ти се пожалам“

Те молам, дозволи ми да ти се пожалам за моите маkи, без да ми судиш. Не сè што ќе слушнеш е возбудливо и забавно. Но, нели затоа се пријателките. Еден ден и ти ќе имаш деца и ќе ме разбереш.


* „Уживај во слободата“

Сè во свое време. Живеј го животот со целата твоја слобода, која што ја имаш. Одвој доволно време и сила за да ја подобриш и врската со партнерот. Следи ги своите соништа. Спиј до покасно. Патувај.


* „ Не секогаш, можам лесно да ги оставам децата на чување кај некој“

Мене ми паѓа тешко разделбата со децата. Луѓето мислат дека  многу е многу лесно да најдеш човек кој ќе се грижи за твоите деца, но најтешко ми паѓа разделбата со нив.


* „Горда сум што сум мајка“

Да имаш деца е неверојатна нешто, кое не би го заменила со ништо на овој свет. Мајчинството е прекрасна работа и ја заслужува секоја солза. Ако еден ден решиш да бидеш мајка, знај дека тоа ќе биде најубавото нешто што ќе го направиш во животот.


Дали 2-годишните деца треба да спијат попладне: Совети за родителите