Дали 2-годишните деца треба да спијат попладне: Совети за родителите

Постојат многу поборници на теоријата дека по 2-та година децата не треба да спијат попладне. Ако ова ограничување ви звучи апсурдно, вие не сте сами. Но, да погледнеме што имаат да кажат експертите.

Спроведени се бројни студии за деца од 2 до 5 години, со акцент на различни категории: ефектот на спиењето врз развојот, односот помеѓу спиењето и дебелината, итн. Резултатот, што е забележан во сите случаи, е следниов: на децата што спијат попладне по вториот роденден, им е потешко да заспиваат ноќе.

Се разбира, ова не е лоша работа. По аналогија, фактот дека вашето дете заспива веднаш штом го ставите во кревет ноќе, исто така не е најдобра работа.

Родителот треба да  набљудува дали попладневното дремнување трае предолго и дали предоцна заспало во денот. И, се разбира, да се процени дали е воопшто неопходно попладневното спиење.

Тука е важно да се запамти дека оптималната доза за спиење за двегодишно дете е помеѓу 11 и 14 часа. Се разбира, оваа граница може да достигне дури 16 часа, но во никој случај не треба да падне под 9 часа спиење на ден.


Извор: ohnamama.bg

Какви се децата родени во јули: 8 причини по кои се посебни