Истражување – коронавирусот е пофатален за мажите

Добивај вести на Viber

Домашното искуство, сепак, покажува дека кај нас родовиот сооднос на заболените е речиси 50-50, а од 3-те досегашни смртни случаи, две се жени

Сега е веќе познато дека пушачите, хроничните болни и постарите од 65 години се најранливите групи во планетарната битка со коронавирусот. Но, се покажува дека уште еден фактор има значајна улога – полот.

Здравствената короно-статистика од 20 земји упатува на сознанието дека мажите на кои им е дијагностициран КОВИД-19 се под 50 проценти поголема смртна закана отколку жените со истата дијагноза.

До овие податоци дошол истражувачкиот институт кој ја проверува родовата нееднаквост во глобалното здравје Global Health 50/50 во соработка со Сиенен. Со цел да се истражи дали постои разлика во смртноста од коронавирусот врз основа на полот, анализирани се јавно достапните податоци од 20 земји со најголем број потврдени случаи на КОВИД-19, заклучно до 20 март.

Податоците покажале дека во сите анализирани земји, од последици на коронавирусот мажите умираат значително повеќе отколку жените.

На секои 10 смртни случаи кај жени, Италија брои 24 смртни случаи на мажи. Слично е и во Кина каде од новиот вирус умираат 18 мажи на 10 жени и во Германија, каде на 10 жени умираат 16 мажи.

Соодносот на забележаните машко-женски умирања е највисок во Јужна Кореја, каде од последиците на коронавирусот починале 89 % повеќе мажи отколку жени.

И според бројот на заболени, мажите предничат.

Италија има 14 мажи заразени од вирусот на 10 жени, а Иран и Германија бројат 13 мажи на 10 жени.

Во Франција, Јужна Кореја и Кина поголем е бројот на жени, заболени од вирусот, но сепак смртноста од него е поголема кај мажите.

Иако проучуваните податоци се уште се нецелосни, сепак, опфаќаат четвртина од светското население, па научниците и преку овие сознанија укажуваат на нешто на што веќе подолго време предупредуваат – смртноста од респираторните болести зависи од родово типизираното однесување, а не само од биологијата, Поточно, и од начинот на живот што го практикуваат мажите и жените, зависи дали потешко ќе се разболат и дали ќе преживеат. 

Има неколку потенцијални објаснувања зошто има повеќе смртни случаи од КОВИД -19 меѓу мажите, се вели во извештајот, објавен во списанието BMJ Global Health.

Иако е неблагодарно да се истражуваат причините за разболување бидејќи епидемијата со вирусот е во рана фаза, сепак од досега достапните податоци јасно е дека полот дефинитивно има важна улога.

“Разликите во имунолошкиот состав помеѓу мажите и жените се добро познати и придонесуваат во реакцијата на заразните болести. Но, биолошките објаснувања се само дел од тоа што укажува на нееднаквост во резултатите“, велат истражувачите.

Прелиминарните известувања на тешките случаи на Ковид 19 покажуваат поврзаност со постоечките коморбидитети, вклучувајки хипертензија, кардиоваскуларни болести и некои хронични белодробни болести, од кои мажите, генерално, почесто страдаат. Затоа, поради своето поризично однесување, мажите се во поголема опасност од зараза.

Една од причините, пак, зошто жените подобро се носат со болестите би можел да е и посилниот имунолошки одговор на инфекциите.

-Одговорот би можел да биде и во хормоналните промени – тврди докторот Луис Остроски – Заихнер од Медицинскиот факултет во Тексас, кој објаснува дека жените дел од животот поминуваат со страно тело во себе (со својот потомок), што им дава предност во преживувањето.

Од досегашниот број на 177 заразени

50,59 % се мажи, а  49,41 % жени